Криминал, непотизам, незнаење или партиска послушност: Реакции на македонски потврдени уметници за доделувањето средства на Годишниот конкурс на министерство за култура!


Министерството за култура и оваа година не помина со скандали. Кои се членовите на комисии и дали се релевантни за доделување на средствата? Дали некој воопшто слушнал за Плеурат Гаши, – претседател на комисијата за фолклор, музичко-сценска дејност? Како тој може да одлучува за толку голем буџет – народни пари, на сметка на нас – граѓаните, уметниците, артистите, музичарите? Како може фестивал за млади таленти, каков што е АНДЕРФЕСТ на кој ќе настапат триесетина македонски бендови, да не се додели ниту еден денар?!

Претседатели на комисиите кои ги разгледуваа сите пристигнати пријави по одделни дејности се: Леонора Сејдиу (интердисциплинарна дејност), Плеурат Гаши (фолклор, музичко-сценска дејност), Бертон Сулејмани (издавачка дејност), Петар Арсовски (драмска дејност), Трајче Блажевски (визуелни уметности), Миле Велчовски (недвижно културно наследство), Мила Шурбановска (музејска дејност и нематеријално културно наследство), Вилдане Идризи (библиотечна дејност)“.


Во делот на музичко-сценската дејност претседател на комисијата e музикологот за кој речиси и никој нема слушнато Плеурат Гаши (фолклор, музичко-сценска дејност). Од таму најмногу пари годинава во овој сегмент има добиено Здружението „Артал“ од Тетово, вкупно 3,5 милиони денари. Потоа 56 илјади евра за фестивалот „Меридианс“ како и за концертот „Класик и рок мјузик“, а додека скопскиот „Таксират“ добил само 500 илјади денари, иако барале 6 милиони.

И Авалон продукција исто така не се од оние кои требаше да добијат средства од министерството.


„Не можам да кажам дека сум изненаден, туку едноставно сум шокиран како ова не е препознаено од Министерството за култура кое нема никаква друга работа, туку да препознава и да поддржува вакви идеи“, вели Бобан од Авалон.


Интересно е што претседателите на комисиите немале слух ниту за востановените децениски музички манифестации ниту за новите работи кои ќе се случуваат во Македонија а ќе ги ангажираат младите музички уметници. Пример за тоа е фестивалот „Андерфест“ на кој за 3. дена ќе настапат 31. македонски бенд, значи зборуваме за фестивал каков се нема случено на овие простори, а од друга страна се афирмираат младите бендови кои се борат за „свое место на сцената“…
Секоја година нови проблеми…, пишуваат од редакцијата на ЕКРАН.мк

Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“

Музејот на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај со промоција на …