КРАЛСКО СЕМЕЈСТВО – Тајните на ПРИНЦОТ ЕНДРЈУ кои дворот се обидел да ги сокрие: Поранешна собарка открила бизарности за синот на кралицата Елизабета


Кралското семејство не сакало ова да излезе во јавност.
Поранешната слугинка на кралското семејство, Шарлот Бригс решила да ги открие сите бизарни навики на принцот Ендру. Во кралската резиденција почнала да работи во 1996. година, а за долгогодишната работа, како што тврди, доживеала непријатни искуства.
Таа рекла дека прифатила работа што никој друг не сакал да ја работи – да му служи на разгалениот принц Ендру.

This image has an empty alt attribute; its file name is princ-endrju-1.jpg


Тежок карактер
Имено, Шарлот тврди дека принцот Ендру имал многу тежок карактер и дека брзо „пламнувал“. Така повеќе пати викал на неа кога таа случајно ги оставила отворени завесите во собата каде што спиел. „Светлината би му го нарушила спиењето, а тоа воопшто не му се допаѓаше. Доколку не беа навлечени завесите на прозорците, ќе имаше вистинска хистерија“, вели таа.

“Поради грдото однесување, често бегав од него. Тој мисли дека е над сите”, вели Шарлот, која Ендрју често ја доведувала до солзи.


Плишани играчки

„Во своите одаи тој внимателно чувал 72. плишани мечиња облечени во морнарски одела“


„Штом ја добив работата, ми кажаа за кадифените играчки и ми беше чудно што тој сè уште сака да ги има.
Таа секој ден ја склопувала колекцијата, така што најголемите мечиња биле на крајот, а помалите во првиот ред. Потоа, навечер, таа или некоја друга слугинка користела шаблон за да ги стави плишаните мечиња на нивните одредени места низ собата. На каминот биле наредени малите мечиња, додека околу креветот и собата биле наредени други плишани животни, вклучувајќи два нилски коњи и црн пантер.

This image has an empty alt attribute; its file name is princ-endrju-so-maloletnickata.jpg

Самиот принц Ендру, наводно, уште во 2010.година изјавил дека отсекогаш собирал мечиња. Меѓутоа, неговата бизарна навика добила сосема поинаква конотација ако се земе предвид неговата поврзаност со осудениот педофил Епштајн, како и фактот дека тој самиот неодамна беше обвинет за силување малолетници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Интервју со актерот Димитрија Доксевски: Во нашиот филмски свет, покрај сите премрежја, покрај сите проблеми со кои се соочувавме и соочуваме, се радувам на бранот успеси на македонскиот филм

Актер, режисер и од неодамна – директор на еден од најзначајните филмски фестивали во нашата …