Костадиновска-Стојчевска од Тетово: Со ТЕХО македонската култура и идентитет стануваат дел од европските културни вредности


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Тетово се обрати на прес-конференцијата по повод почетокот на годинешното јубилејно издание на најзначајниот настан посветен на хорската музика во земјава, ТЕХО 2023.

This image has an empty alt attribute; its file name is teho2.jpg


„Особено ми е драго што Тетовските хорски одзиви се манифестација со голема традиција, која го вбројува Тетово во градовите со висока музичка култура. Овој живописен град, преку ТЕХО, децении наназад ја збогатува сликата на нашата земја како пријателска, толерантна, мултиетничка држава која ја негува посебноста на културите на сите народи кои живеат овде, но, и на сите култури кои доаѓаат како гости на овој фестивал”, порача Костадиновска-Стојчевска.

This image has an empty alt attribute; its file name is teho1-1024x772.jpg


Годинава, фестивалот кој е членка на Европската хорска асоцијација и на Балканскиот хорски форум, е посветен на 120 годишнината од Илинденското востание. Со ова македонските вредности, традиции, култура и идентитет и на овој начин стануваат дел од европските културни вредности.

Во тој контекст Костадиновска-Стојчевска рече дека за Министерството за култура е од особено значење што во ТЕХО има искрен и сериозен партнер кој ја афирмира хорската музика во земјава и во светот.


„Ние во континуитет, секоја година го поддржуваме фестивалот кој постави високи стандарди за музичко-сценски настапи на хоровите. ТЕХО игра водечка улога и во мотивирање на композиторите да творат нови хорски композиции, ги поттикнува младите диригенти и солисти да се охрбрат и да застанат на големата сцена”, рече министерката за култура.

This image has an empty alt attribute; its file name is teho5.jpg

Според Костадиновска-Стојчевска низ годините ТЕХО прерасна во значајна платформа каде се негува другарството, заедништвото, се развива љубовта кон уметноста, што се најважни придобивки за секој млад човек. Особено важно е што Тетовските хорски одзиви ги негувааат авторите и основоположниците на македонската современа музика, од кои речиси сите во својот опус имаат хорски композиции. На тој начин, додаде таа, го чуваме македонското културно и духовно наследство, го негуваме идентитетот и музиката која ја пееме од најмала возраст.

This image has an empty alt attribute; its file name is teho6.jpg

На крајот посакувајќи успешно издание на фестивалот, Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека Тетово со ТЕХО и оваа година ќе биде музички празник и ќе донесе нови искуства за бројните учесници на фестивалот, чии настапи ќе останат трајно впишани во историјата на оваа благородна манифестација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Врачени наградите на 59. МТФ Војдан Чернодрински

Примајќи ја наградата за најдобра режија, Ќендрим Ријани истакна дека фестивалот во секоја наредна година …