КОРОНАВИРУСОТ ПРИСТИГНАЛ ВО ЕВРОПА! Во Франција се потврдени 3. случаи! Се вратиле од Кина и донеле зараза!

Во Франција се потврдени првите три случаи со коронавирусот.
Француската министерка за здравје, Агнез Бузин, соопштила дека во Франција се забележани 3. случаи на зараза со коронавирусот, и дека веројатно ќе има уште случаи.
Заразените пациенти се наоѓаат во Париз и Бордо.
„Пациентот во Бордо има 48. години и се вратил од Кина, а минал низ Вухан. На лекарите им се обратил на 23. јануари и оттогаш се наоѓа во изолација. По враќањето во Франција бил во контакт со околу 10. луѓе“, рекла министерката.


За другите две заразени лица засега нема многу информации.
Непознат тип на вирус, кој ги напаѓа белите дробови, првпат бил забележан во кинескиот Вухан кон крајот на декември. Досега животот го загубиле 26. лица, а најмалку 800. се заразени. Поради епидемија неколку кинески гардови се во потполн карантин, а во градовите е запрен автобускиот, авионскиот и железничкиот сообраќај.Меѓународниот сообраќај кон Вухан е исто така стопиран


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Традиционален концерт по повод Василица во Националната Опера и Балет

Традиционалниот концерт по повод празникот „Василица“ оваа година ќе се одржи на 13 јануари, со …