“Ми олесна кога ги видов резултатите. Ова е добар знак и ми изгледа како пресвртница”
Ентузијазам завладеа низ целиот свет откако „Фајзер“ вчера објави дека нивната вакцина против корона е 90 проценти ефикасна.
Ефективноста на вакцината е многу поголема отколку што научниците се надевале и може да означи пресвртница во епидемијата на коронавирус.
Џон Бел, професор по медицина на Универзитетот во Оксфорд, кој работи на развој на вакцината АстраЗенека, рече дека тимот на Фајзер покажал чудесно ниво на ефикасност и дека тоа значи дека светот може да се врати во нормала на пролет.
“Јас сум првиот што ќе го кажам ова и ќе го кажам самоуверено. Животот ќе се врати во нормала до пролет, да, да, да”, изјави Бел за Би-Би-Си.
„Јас сум прилично оптимист дека ќе имаме доволно вакцинации во првиот триместар за да започнат работите да изгледаат многу понормално до пролетта отколку што се сега“, рече тој.
И професорот Питер Хорби од Универзитетот во Оксфорд рече дека овој момент изгледа важен и поттикнува оптимизам.
“Ми олесна кога ги видов резултатите. Ова е добар знак и ми изгледа како пресвртница”, рече Хорби.
Вакцината BNT162b2 за првпат е развиена од BioNTech со седиште во Мајнц веќе во средината на јануари како дел од нивниот проект „Брзина на светлината“.
Клучната, трета фаза од истражувањето започна во јули во различни земји.
Потенцијалната вакцина досега е тестирана на повеќе од 43.000 учесници со различен статус, од кои 38.955 добиле втора доза на 8-ми ноември. Вакцината станува ефективна седум дена по втората доза.
Компаниите не објавиле прецизни податоци за тоа колку точно учесници се разболеле по приемот на вакцината, но ефективноста од 90 проценти е далеку поголема од ефективноста од 50% што ја бара ФДА за вакцината против коронавирус.
„Повеќе од осум месеци од почетокот на пандемијата, најлошата во последните повеќе од еден век, веруваме дека последната фаза претставува значаен чекор напред за светот во борбата против ковид-19“, рече извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла.
Според предвидувањата, двете компании може да испорачаат до 50 милиони дози вакцини ширум светот до крајот на годината и до 1,3 милијарди дози во 2021 година.
Студијата за првата фаза од клиничкото испитување на вакцината покажа дека сите групи добро јас толерирале BNT162b2, на почеток со умерена температура кај помалку од 20 проценти од испитаниците.
Вакцината е базирана на иновативна технологија на mRNA или гласник РНК, која го стимулира телото да произведува еден од вирусните протеини, што потоа го стимулира телото да развие имунолошки одговор на новиот коронавирус.
Учесниците во испитувањето на вакцините ќе продолжат да се следат уште две години по приемот на втората доза. За тоа време, научниците се надеваат дека ќе утврдат колку е ефикасна вакцината не само во спречување на развој на ковид-19, туку и колку вакцината ќе спречи компликации кај пациенти кои се веќе заразени.