Концерт на Зарина Првасевда во рамките на јубилејното издание на фестивалот МакеДокс

Под слоганот Копање емоции низ времето, од утре па се до 22 август ќе се одржи јубилејното 15-то издание на МакеДокс – фестивалот на креативен документарен филм.

Во рамките на музичката програма на фестивалот, на 15 август 2024 година во Куршумли Ан, со почеток во 23:00 часот ќе може да го проследите концертот на Зарина Првасевда, а од 24:00 часот свој настап ќе има DJ Ishjan Twin.


Зарина е вокален изведувач и музичар кој изведува и македонска и светска традиционална музика.

Таа се стреми да ја смести традиционалната музика во поинаква, единствена и алтернативна форма, имајќи предвид дека самата музика ја задржува својата автентичност; сето тоа со помош на вокални техники кои кореспондираат со традицијата.


Билетите за концертот се продаваат по цена од 200 денари и истите можете да ги набавите на следниот линк: / Tickets: https://mktickets.mk/event/mdxfestival/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

5 навики кои ги немаат луѓето со САМОДОВЕРБА: Се губат со време и труд

Самодовербата е богатство што го чуваме внатре. Тоа е верба во себе и сигурност дека …