Концерт на Владо Јаневски во Македонска Филхармонија


Во четврток, 16 ноември 2023 година, во Македонската Филхармонија, со почеток од 21:00 часот ќе се одржи best of концертот на Владо Јаневски, насловен како„Златни Години“.

Реално, македонската музика нема голем број на легенди, а уште помалку, ѕвезда која истовремено е и легенда и константно актуелна со нов материјал. Владо Јаневски тој статус го има заслужено поради навистина огромниот број на вечни хитови и евергрини, но и редуцираниот број на концерти со својот многуброен бенд.


Богатиот музички каталог на Владо Јаневски никогаш не бил отсвирен во полн состав на бенд во интимно издание, па така, на наше задоволство, го убедивме дека е време за интимна средба со неговата публика оваа есен, на многу адекватен простор кога е во прашање неговата музика – Македонска Филхармонија.

Влезниците по цена од 1.500 денари може да се набават онлајн нa ticketx.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На 43 години, и три родени деца, изгледа како ДЕВОЈКА: Ја сметаат за СОВРШЕНО УБАВА, но многумина не знаат дека е ОД ЕВРОПСКО ПОТЕКЛО

– Омилената партнерка во двојки на Новак Ѓоковиќ импресионирала со својата природна убавина – На …