Концерт на светската звезда Grace Jones утревечер во Скопје


Во сабота, на 6 јули 2024 година, на стадионот на АРМ во Скопје, со почеток во 21:00 часот, ќе можете да го погледнете концертот на една од најголемите светски музички звезди Grace Jones.

Веројатно не постои светски артист на оваа планета (освен, се разбира, David Bowie) кој може толку аргументирано да изнесе толку многу различни и заслужени епитети како Grace Jones, една од најреволуционерните и најзначајни музички и уметнички појави на светот на сите времиња.


Некои од нив се: ” Musical mastermind”, “Amazing Grace, “Timeless”, “Art aristocrat”, “True diva”, “Goddess of Rhythm”, “Pop culture icon”, “Fashion Icon” “Vamp Woman”… а покрај сето тоа, таа е и Super Model и Movie Star.

Но, она што е најважно во моментов за нас е дека, пред се’, Grace Jones е “Master of stage”. Во тоа ќе се убедиме самите во Скопје.


И, да бидеме искрени, Grace како никогаш да не припаѓала на оваа планета.

Како да се објасни на друг начин нејзиниот изглед и она што и ден денес го прави на сцена?


Како да се објасни и ден денес светското чудо од албум “Nightclubbing”?

Пуштете го и слушнете го.

Тој и денес, во секој музички сегмент е еден век пред време.

И секогаш ќе биде… во било кое време.

Од друга страна, еднаш некој рече ,,не е работата што Grace Jones е пред Madonna, Lady Gaga, Rihanna и Beyonce, работата е што таа се’ уште е сите три во едно”.

Драги наши, сите заедно ќе имаме можност, Grace Jones, заедно со нејзиниот многуброен бенд и спектакуларно 90 минутни show, да ја видиме овде, кај нас дома.

И да ја вратиме Македонија таму каде што токму ние ја поставивме и многу љубоморно ја чуваме од 2001 година: на листата земји каде сепак се случува нешто убаво и по светски стандарди – во реалноста, а не само вербално и имагинарно.

Влезниците можете да ги набавите преку продажната мрежа на TICKET X.

Спремете се за full Grace Jones experience, се вели во објавата на организаторот на настанот – Авалон Продукција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Одбележале децении – Евровизискиот натпревар се ближи, а еуфоријата никогаш не е помала: Се сеќавате ли на најголемите хитови што ја освоија Европа?

Почнувајќи со хитот „My Number One“ преку изведувачи како Сакис Рувас или Руслана – Евровизискиот …