Староградското друштво „Распеани Паланчани“ ќе одржи концерт на староградската кривопаланечка песна на 11 ноември (понеделник), со почеток во 18:00 часот, во ЛУ Градски музеј Крива Паланка.
На концертот ќе бидат изведени незаборавните староградски песни инспирирани од кривопаланечката традиција и историја, како и вистински настани и личности, кои го претставуваат индентитетот и духот на градот.
Концертот ќе биде проследен со фотографии од „Распени Паланчани“ низ годините, кои говорат за растежот и документираните времиња на друштвото. Истовремено, посетителите ќе се навратат и на староградскиот културен и социјален живот преку презентација на пречек на гостите, незибежното слатко, традиционалните колачиња, бонбони, кривопаланечката боза.
Елегични напеви со незаборавните ” Минеш,минеш”, “Одала се е мамо Ленка Стевчова”, ” К’т сам чула и разбрала”…Староградски перформанс кој ќе ве врати во времето на староградската традиција и култура.
„Распеани Паланчани“ се репрезент на кривопаланеката култура и традиција, која досега ја презентирале на бројни фестивали во земјата и во странство. Низ друштвото поминале бројни членови, а последните години во него членуваат и млади генерации.