Концерт на Parussion Group

Во сабота на 28 октомври 2023 година, во Public Room во Скопје, со почеток од 21:30 часот, ќе се одржи концертот на Parussion Group.

Parussion Group се: Петар Колевски – кларинет, Зоран Костадиновски- гитара, Јован Цветковиќ- клавијатури, Дионис Стратров- бас и Михаил Парушев- тапани.


Парушев ќе се претстави со неколку периоди од творештвото. Премиерно ќе биде изведен новиот материјал „Feel the grooves“ типичен за звукот на денешницата, како и проектот „АГОЛ“ од минатата година.

Групата ќе симулира инструменти, од гајда до гитарска дисторзија од тапан и слични егзотични ударни инструменти до силни бас фрекфенции, плачот на пијаното до насмеани дрвени woodwind звуци. Овој тип на музика е повеќеслоен и им дава можност на слушателите да истражуваат и да се пронајдат во вселената.


Билетите се по цена од 300 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 24.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Работата оди во насока која вам ви одговара, само треба да бидете трпеливи …