Вечерва во СЦ Јане Сандански, со почеток во 21:00 часот, ќе имате можност да го проследите концертот на легендарниот хрватски состав „Парни Ваљак“.
Фреди Меркјури и нашиот Аки Рахимовски имаат многу заеднички особини, но една е посебно изразена. А, тоа е, дека и двајцата беа суверени владатели како на сцената, така и со публиката. Фреди Меркјури ја отпеа ,,The Show Must go On”, а сите ние знаеме дека секогаш истото го мислеше и до последен здив така и живееше и нашиот Аки. Парни Ваљак продолжи понатаму со нов пејач, гордо и квалитетно, онака како што и изгледа од своите први денови на почетокот на кариерата.
За скопскиот концерт на Парни Ваљак своја изјава даде и лидерот на бендот, Хус, кој заедно со Парни Ваљак оваа година ќе ја добие најпрестижната можна награда за музика во Хрватска – ПОРИН за животно дело:
,,Наша голема желба, а уште поголема одговорност е во Скопје, во градот на Аки, да отсвириме концерт, кој нашата одлука да продолжиме понатаму ќе направи да биде оправдана. Се разбира дека, во приказната за Парни Ваљак, Аки е неизоставен дел и тој секогаш ќе биде во нашите срца.”
Откако постои музичката индустрија на овие простори, Парни Ваљак е можеби единствениот музички бренд кој во сите сегменти работи на начин и на ниво на било кој врвен светски бенд, и големо задоволство ни е да му овозможиме на Скопје и Македонија повторно да бидат сведоци на тоасе вели во објавата на Авалон Продукција.
Влезниците се во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по следниве цени и категории:
Партер – 700 денари
Фан пит – 1.000 денари
Silver seats – 1.2000 денари
Golden seats – 1.500 денари
VIP – 2.000 денари
“The Show Must go On”, и тоа на најјако и најквалитетно можно.