Концерт на оркестарот на институтот „ФЕЈМС“

Подгответе се за уникатно музичко патување во светот на џипси музиката и класичниот оркестарски израз! „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ е концерт кој ќе ги спои традицијата и модерноста, со ритмови кои ќе ве понесат и инспирираат.

Концерт на оркестарот на институтот „ФЕЈМС“
Датум: 19 февруари 2025 година
Време: 20:00 часот
Локација: Македонска филхармонија (камерна сала)


Под диригентската палка на реномираниот британски диригент Тимоти Редмонд, кој е познат по својата енергична интерпретација и модерниот пристап кон класичната музика, концертот ќе понуди магична симбиоза помеѓу џипси музиката и оркестарскиот звук.

Солисти:
Федерико Натан, виолина
Жереми Шакр, гитара
Јакопо Мезаноти, гитара
Филип Динев, гитара
Иван Бејков, контрабас


Програма на концертот:
– Лист, аранжман Тобани – Втора унгарска рапсодија
– Бизе – Кармен Свити (избор)
– Брамс – Унгарски танци (избор)
– Барток – Романски танци
– Монти, аранжман Тајзик – Чардаш
– Штраус – Увертира „Цигански барон“

Дијалози со Џанго, од Федерико Натан:


Djangology – Д. Рејнхардт, аранжман Јакопо Мезаноти
Tears – Д. Рејнхардт, аранжман Јакопо Мезаноти
Douce Ambiance – Д. Рејнхардт, аранжман Јакопо Мезаноти
Stephane – Федерико Натан
Nuages – Д. Рејнхардт, аранжман Алберто Виња
Escaping Silence – Федерико Натан
Belleville – Д. Рејнхардт, аранжман Федерико Натан
Minor Swing – Д. Рејнхардт, аранжман Федерико Натан

Оваа извонредна програма ги спојува класичните ремек-дела со современи интерпретации, создавајќи мост помеѓу минатото и иднината. Ова е ретка можност да уживате во спојот на класичниот оркестарски звук и страстните, импровизирани ритмови на џипси музиката!

Билетите кои се во ограничен број се достапни преку продажната мрежа на МК ТИКЕТС или онлајн на следниот линк https://bit.ly/dijalozi-django-rajnhart

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една …