Концерт на Мухамед Ибрахими, Бобан Мирковски, Ратко Даутовски и Фјола Исмаили

На 10 декември 2024 година, во малата сала на Филхармонија, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи уникатен предновогодишен концерт кој ги обединува звуците на четворица исклучителни музичари.

Оваа вечер ќе биде посветена на уживање во магијата на различни инструменти и стилови. На сцената ќе настапат:


гитара: Мухамед Ибрахими
пијано: Бобан Мирковски
перкусии: Ратко Даутовски
чело: Фјола Исмаили

Овој спој на музичари е ретка можност за сите љубители на музиката да доживеат хармонија што инспирира и разбудува емоции. Ќе уживаме во звуци кои го слават искуството, талентот и убавината на музиката, создавајќи незаборавна вечер за секој присутен.


Влезници: www.mktickets.mk

Не пропуштајте го овој специјален настан што ќе го разубави предновогодишниот период и ќе внесе празнично расположение!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Деновиве излезе од печат дебитантскиот роман „Неочекувано“ на авторката Ана Мовска

„Неочекувано“ од Ана Мовска – роман за сино-зелените алги на Марс и во Дојранското Езеро. …