Концерт на „Мојра“ – џез на кирилица

Вечерва во рамките на фестивалот за литература и општа култура Видик, со почеток во 21:00 часот во книжарницата на  „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе имате можност да присуствувате на концертот на бендот „Мојра“.

Настапуваат: Јасна Трпкова (вокал), Дарко Јованов (гитара), Зоран Павлоски (бас), Павел Ренџов (тапани) и Петар Христов (саксофон и кларинет).


Во чест на Денот на сесловенските просветители – светите Кирил и Методиј, еден од најнадежните македонски музички состави ќе отсвири џез на кирилица.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на истакнатиот македонски историчар на уметност и публицист Димитар Ќорнаков

Проф. д-р. Димитар Ќорнаков е роден во 1927 година во Стојаково, Гевгелиско. Тој беше македонски …