Концерт на Искра, Grinsen и Galatheia вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 20:30 чаот во Public Room во Скопје, ќе имате уникатна можност да присуствувате на концерт на Искра, Grinsen и Galatheia.

ИСКРА се аудио-визуелен проект чии членови од 2019 година активно работат на декодирање на информации од чип од иднината, претворајќи ги во носталгичeн мелос и хипнотизирачки анимации. ИСКРА ќе настапат со енергичен сет од 60 минути, декодирајќи го нивниот нов албум во живо.


GRINSEN е музичар од Скопје, кој експериментира со повеќе стилови на електронска музика – главно electronica и breakbeat, но и поджанрови, како downtempo и techno. Зад себе има неколку EP изданија, а константно работи на нов материјал и настапи во живо.

Зад GALATHEIA стои името на Теа Шалдева, уметник, повремен диџеј и сопственик на издавачка куќа со седиште во Скопје. Таа започна како вокал во андерграунд бендови за време на нејзините доцни основни/рани средношколски денови и почна да експериментира со формите на електронска музика уште во 2007 година, подоцна објавувајќи го својот прв сингл во 2012 година. Објавувајќи неколку синглови и учество во неколку компилации на крајот ја води да го компонира, сними и продуцира нејзиниот деби албум „Метропол“ (2017), кој е првиот албум за електронска музика целосно создаден и продуциран од женски изведувач во Македонија.


Линк за карти – https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=468

Се гледаме на концерт!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Никола Џими Петровски: За фушерајот и кратењето ќошеви, вниманието насочете го на друго место, пошто верувајте музичарите не си идат дома со тие екстра пари

Љубовта кон музиката и нејзиното споделување со публиката пред се е тоа што не води …