Концерт на еден од најголемите trip-hop бендови во светот HOOVERPHONIC вечерва во Скопје


Еден од најголемите trip-hop бендови во светот конечно се враќа во Скопје: HOOVERPHONIC со ексклузивен концерт во Македонска филхармонија, вечерва во почеток во 20:00 часот.

По повод 25 години од aлбумот “The Magnificent Tree”, во кој се наоѓа ремек делото кое ја одбележа нивната кариера – “Mad About You”, Hooverphonic ќе одржат еден ексклузивен концерт во Македонска филхармонија, придружувани од гудачки квартет!


Hooverphonic e белгиски бенд основан во 1995та година, со 12 студиски албуми и неколку компилациски изданија позади себе. Во 2019та година во рекорден рок распродадоа два концерта во Македонска филхармонија, по што следеа, едни од најубавите концерти некогаш одржани во таа сала.

Влезниците можете да ги набавите онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 2.000 денари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Богата програма – Филмските работници се собираат во Кан за најпрестижниот фестивал: Се натпреваруваат 19 филмови

Најпрестижниот филмски фестивал – Канскиот филмски фестивал ќе се одржи од 13 до 24 мај. …