Концерт на дуото Омерагиќ / Спировски

Вечерва, во кафе-книжарницата „Буква“, со почеток во 20:30 часот, ќе имате можност да го проследите концертот на дуото Омерагиќ / Спировски.

По подолго време овој состав е повторно во акција. Дуо кое е плод на повеќе од децениско пријателство и силно музичко партнерство во голем број на бендови. Всушност, во најголемиот број на состави во кои учествува едниот, учествува и другиот. Факт кој веруваме доволно добро ја опишува длабочината на оваа музичка врска. Во овој дуо формат досега имаат издадено само еден албум. Интересно што и тој не е со нивните стандардни инструменти, туку е албум снимен на две пијана. Сепак, претпоставуваме дека оваа неатрактивна бројка набрзо барем малку ќе се подобри.


Концертот ќе започне најдоцна во 20:45, бидејќи музичката програма треба да заврши најдоцна до 21:45, поради тоа што остатокот од вечерта ќе биде посветен на еден од великаните на филмската уметност, неодамна починатиот Дејвид Линч.

Дени Омерагиќ – контрабас и електроника, можеби и електричен бас.
Нинослав Спировски – тенор сакс и можеби кларинет или сопран сакс.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една …