Концерт на Чалгија саунд систем во Котур

Денес, во Котур, со почеток од 21:30 часот, ќе може да го проследите концертот на Чалгија саунд систем.

Покрај убавиот звук на чалгиите, ќе имате можност да уживате во вкусот на традиционалната лозова ракија, но низ призмата на модерната македонска коктел култура, која ја негуваме во Кафе и филм Котур.


Чалгија саунд систем е состав во чиј фокус е чалгиската музика. Целта на составот е, од една страна, да го одржи чалгискот израз, проучувајќи го богатото наследство од мелодии и форми кои составот ги изведува доследно и верно на традицијата. И, од друга страна, земајќи го чалгискиот израз како основа за создавање современа музика која е во духот на чалгиската традиција, со што
на одреден начин се продолжува традицијата.

Влез: 200 денари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Костадиновска-Стојчевска: Го враќаме симболот на Скопје – Универзалната сала

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ги најави градежните активности за реконструкција и адаптација на …