Концерт на аргентинскиот џез гитарист Лучано Понѕано во Буква

Во четврток на 18 јануари 2024 година, во кафе книжарницата Буква во Скопје, со почеток во 21:00 часот, свој соло концерт ќе одржи аргентинскиот џез гитарист Лучано Понѕано.

Лучано Понѕано повторно со соло настап во Буква, пред да започне турнеја низ Германија и Швајцарија со неговиот бенд The Hawks Triad. На гитара ќе свири своја оригинална необјавена музика и избор на песни од двата албума на бендот.


Лучано е роден во Кордоба, Аргентина. Студирал Музичка композиција на Националниот универзитет во Виља Марија и работел како професор по музика, гитарист и пијанист во различни институции и групи додека не се преселил во Европа во 2018 година. Оттогаш, тој свири во различни групи низ цела Европа додека не го формира бендот The Hawks Triad заедно со швајцарските колеги Адријан Бокли и Грегори Шерер во 2021 година. Бендот самостојно го издаде албумот “Dorcol Tapes“ во 2022 година и го објави “Carnivale“ во август 2023 година преку меѓународно признатата швајцарска издавачка куќа UNIT. Албумот претставува промена во насоката на бендот кој се стреми кон потопол звук повеќе инспириран од Американа, roots музика и џез. Бендот со нетрпение ја очекува следната турнеја зима/есен во 2024 година низ Германија и Швајцарија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 24.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Работата оди во насока која вам ви одговара, само треба да бидете трпеливи …