Вечерва, 9 август, со почеток во 20,00 часот, на летнтаа сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, ќе се одржи концерт на младата поп пејачката Александра Јанева.
Концертот се организира во чест на Меѓународниот ден на младите, 12 август, а е дел од Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024″.
Младата и талентирана пејачка Александра Јанева е победник на музичкото шоу “Сите наши песни” и на МАКФЕСТ 2013 и 2016, а беше и бек вокал на Евровизија 2019 со Тамара Тодевска.
Во својата 11-годишната музичка кариера Јанева има бројни синглови и хитови од албумот “Срце отвори”, а само во изминатите 3 месеци има издадено нови 3 нови песни, меѓу кои и хитовската “Нашата песна”.