Концерт „Музички мостови“ на триото „Интерарт“ во Истанбул


„Музички мостови“ е насловот на концертот на триото „Интерарт“ од Битола што ќе се одржи денеска во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул.

Како што информираат од македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, на концертот ќе настапат истакнатите македонски изведувачи – флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, заедно со пијанистката Татјана Божиновска. На програмата се дела од Шостакович, Доплер, Петровски, Фурстенау и Кларк.


Концертот е дел од годишната програма на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул и се реализира во соработка со Асоцијацијата на истанбулската филхармонија. Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Одбележале децении – Евровизискиот натпревар се ближи, а еуфоријата никогаш не е помала: Се сеќавате ли на најголемите хитови што ја освоија Европа?

Почнувајќи со хитот „My Number One“ преку изведувачи како Сакис Рувас или Руслана – Евровизискиот …