Конечно е откриено ЗОШТО ЧАРЛС И КЕЈТ го криеле типот на рак што го имале и сите велат „СРАМ ДА ВИ Е“: На кралот и принцезата од Велс сега нема да им е сеедно


Кралот Чарлс (76) се бори со рак, а лекувањето ќе го продолжи следната година, јавуваат странските медиуми. Извори од Бакингемската палата велат дека неговото лекување добро напредува и дека на почетокот на 2025 година ќе започне нов циклус на хемотерапија.
И покрај тоа што јавноста за тешката дијагноза дозна во февруари, палатата сепак не објави каков вид на рак има кралот Чарлс. Извор, наводно, открил за „The Times“ зошто монархот криел детали за неговата дијагноза и третман.


Тие рекле дека тоа бил свесен избор што го направиле за да може кралот да допре до што е можно повеќе луѓе кои страдаат од оваа болест, наместо да го стесни фокусот на одредена форма на рак. Се верува дека Кејт Мидлтон не открила каков вид на рак имала поради истата причина.
Чарлс бил на третман за зголемена простата неколку недели пред да се објави во јавноста дека кралот има рак.
Извесен период се повлекол од јавните обврски за да се посвети што повеќе на лекување. Сепак, тој бил свесен за сè што се случувало додека продолжил да ги разгледува сите документи што ги добивал во кутии и одржувал приватни состаноци.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


За време на болеста, кралот имал голема поддршка од семејството, особено од сопругата Камила, но и од неговата снаа Кејт Мидлтон, која исто така дознала дека има рак оваа година.
Во септември ја прекинала хемотерапијата и постепено се враќа на своите обврски. Додека таа и кралот беа отсутни, принцот Вилијам ги презеде сите одговорности на нивно место.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Деца на светот“ – Тажна Комедија која ја обработува емотивната тема за децата кои заминале во светот и нема да се вратат никогаш

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Театарот „Антон Панов“ во Струмица, премиерно ќе биде …