Нова година, нови цели, нови можности за успех! Ако сакате оваа година навистина да го исполните вашиот потенцијал, „Кон повисоко ниво“ од светски познатиот тренер за високи перформанси и домаќин на поткастот The Mindset Mentor, Роб Дајл, е револуционерниот водич што ви ги нуди сите одговори.
Оваа книга, дел од новата едиција за самопомош Shelf Help, на издавачката куќа „Арс Ламина“, е вашиот патоказ до отклучување на целосниот потенцијал и трансформација на вашиот живот. Без разлика дали:
– се борите со одвлекувања на вниманието,
– сте преплавени од хаотичен распоред,
– или барате пат кон лична извонредност,
„Кон повисоко ниво“ е повеќе од книга – тоа е вашиот сојузник за успех во новата година.
Во едицијата Shelf Help ќе најдете куси и практични водичи за самопомош, поделени во категории како: животен стил, ментално здравје, бизнис и лидерство, личен развој, врски, здравје, семејство и родителство, како и филозофија.
„Кон повисоко ниво“ е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на www.literatura.mk.