Комичната опера „Слугинката господарка“ вечерва во Театар Штип

На втори декември со почеток од 20:00ч, салата на Народниот театар Штип е резервирана за првата комична опера „Слугинката гоподарка“ од Џовани Батиста Перголези, во режија на Милош Цветковиќ, а во продукција на Студентскиот културен центар Ниш.

Солисти се Маријана Давиниќ и Марко Милисављевиќ, поддржани од Анѓела Станковиќ на чембало и камерниот оркестар, предводен од диригент м-р Ивана Мировиќ. Сценографијата и костимите за операта ги направија Драгана Бреза и Душан Станковиќ.


Цена на влезница: 600 денари.

Во 21:30, веднаш по завршувањето на операта, ќе биде организирана донаторска забава во кафе бар МООД, лоцирано веднаш до театарот. Собраните средства се за набавка на столови за дарување на крв во Регионален Центар За Трансфузиона Медицина – Штип. Оваа активност е дел од проектот направи разлика, финансиран од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID).


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Костадиновска-Стојчевска: Го враќаме симболот на Скопје – Универзалната сала

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ги најави градежните активности за реконструкција и адаптација на …