„Колку е часот“ – детска претстава со сенки


Утре, во театарот Сенки и Облаци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, најмладата публика ќе може да ја погледне претставата со сенки „Колку е часот“.

Старо Купувам ѝ подари на Сара еден часовник кој чука во некое си чудно време – два пати тик, еднаш так!


Чие ли време покажува тој?

За да дознае, Сара се нурна дури до дното на океано одлета до крајот на универзумот и замина на пат околу светот но сепак одговорот не го најде. Ќе остане ли тажна, или пак можеби по пат си најде ново другарче?


Претставата трае 35 минути и е препорачана за деца 4+

Препорачана донација 250 денари.


Дојдете и уживајте во магијата на сенките!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„ТОА Е ТАПА, СИЛНА И НЕПРИЈАТНА БОЛКА“: Познатата водителка на хуманата емисија „Работна акција со Тамара“ со години се бори со болест што ја добила поради стрес

Таа десет години ја барала својата вистинска дијагноза… Тамара Грујиќ, водителка на хуманата емисија „Работна …