ОТКАКО австриската влада најави дека ќе воведе задолжителна вакцинација, сега се познати казните за непочитување на новата обврска.
Предлог-законот, на кој работи Министерството за здравство, предвидува лицата кои нема да ја почитуваат обврската за вакцинирање да бидат казнети со глоба до 3.600 евра за одбивање на првата доза и 1.450 за одбивање на трета доза.
– Мора да се направи понуда и да се упатат граѓаните да се вакцинираат. Кој ќе ја одбие таа понуда ќе мора да плати казна – изјавила министерката задолжена за уставни прашања, Каролина Едштадлер.
Таа потврдила дека казните се во наведениот износ.
– Апсолутно не сме задоволни од стапката на вакцинација – рекла Едстадлер на јавниот сервис ОРФ.

КОЈ ЌЕ ОДБИЕ ВАКЦИНА ПЛАЌА 3.600 ЕВРА: Казни за непочитување мерки во Австрија
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.