„Сигурен сум дека никој не може да ги исполни моите барања и визија како што јас ја замислувам“.
Жика Јакшиќ ги освои срцата на гледачите кои десет сезони уживаат во музичкото натпреварување „Никогаш не е доцна“.
Публиката го сакаше Жика поради неговата спонтаност, а многумина не можат да го замислат ова шоу без неговите шеги и емотивни моменти.
Иако својата работа како водител ја работи од чиста љубов, а почнал „од морање“, тој смета дека е незаменлив на таа позиција.
– Водител сум од морање. Затоа што јас го создадов шоуто и најдобро знам што сакам од него. Сигурен сум дека никој не може да ги задоволи моите барања и визија како што јас ја замислувам, па случајно станав водител – изјавил Јакшиќ и додал:
– Јас сум тој што сум и во реалниот живот и на сцената. Кога имам визија, одам кон неа.
Јакшиќ нагласува дека нема однапред подготвена рамка за водење на емисијата.
– Тоа би изгледало вештачко. Има формати каде цел тим на луѓе се подготвува однапред, но тоа се покажува. Брзо размислувам и се случува само по себе, не се подготвувам. Доаѓам на шоуто со многу радост и едвај чекам да видам што ќе се случи. Дури и кога ги знам приказните на пејачите, секогаш има изненадувања и во тоа е шармот на шоуто бидејќи е спонтано – објаснил Жика за Гранд.
Фото: Принтскрин/GrandOnline