“Кои сме ние?” – изложба во City Mall

Институтот Ромалитико по повод 8 aприл – Меѓународниот ден на Ромите официјално ја постави изложбата “Кои сме ние?” во City Mall. Изложбата е поставена од 1 април до 14 април 2024. На 8 април 2024 (понеделник) со почеток од 12:00 часот ќе се одржи настан за одбележување на денот придружен со музички перформанс и презентација на фактите.

Изложбата претставува можност за граѓаните да бидат дел и да учестуваат на еден интересен час по ромска историја, јазик и култура. На изложбата ќе дознаете кои познати светски личности имаат ромско потекло, ќе научите по некој збор од мини речникот на ромски јазик и факти од историјата и културата на Ромите.


Изложбата претставува јавен историско-културолошки час за посетителите. Оваа изложба се оддржува по втор пат во скопски мол, овојпат во City Mall. Идејата е да ја доближиме нашата историја до нашите сограѓании и да го одбележиме светскиот ден на Ромите во меинстрим амбиент.

Изложбата е достапна на два јазика: македонски и англиски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЗАБЕЛЕЖЕТЕ ГО НА ВРЕМЕ – Еден симптом кој често се појавува во текот на летото може да биде скриен знак за дијабетес

Дијабетесот е сериозна здравствена состојба предизвикана од високо ниво на шеќер во крвта, а еден …