„Кино утро“ за најмладите во Кинотека

Кинотека ја почнува новата година со богата и разновидна програма за љубителите на филмската уметност. Во текот на јануари, за најмладите Кинотека организира утрински проекции во рамки на тематот „Кино Утро“, а исто така ќе се одржат и проекции на македонски документарни и кратки филмови, како и зимското издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Во рамките на програмата на „Кино утро“ ќе бидат прикажани: македонскиот анимиран филм „Јон против галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски (вечерва во 18:00 часот), „Мечето Падингтон“, „Божиќната магија на животните“, „Кариран нинџа 2“, „Дедо Мраз супер херој“ и „Соништата на еден робот“. Тематот „Кино утро“ има за цел да ги доближи најмладите до филмската уметност и да го разбуди нивниот интерес за киното како посебно доживување.


Љубителите на македонската кинематографија овој јануари ќе имаат можност да уживаат и во проекции на документарни и кратки македонски филмови. Програмата ги слави делата на домашните автори, истакнувајќи ја нивната креативност и ангажираност.

Кинотеката ќе биде домаќин на зимското издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Во рамките на ова издание ќе бидат прикажани пет наслови – копродукции меѓу земји од јадранскиот регион кои оставиле значителен печат во изминатите три години.


Првата проекција ќе се одржи во кино-салата на Кинотека, додека останатите четири филма ќе бидат достапни на дигитална платформа, овозможувајќи поширока достапност на овие значајни дела.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во Народниот театар во Штип вечерва ќе биде изведена претставата „Јас, на некое друго место“

Во Народниот театар во Штип, вечерва, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена претставата …