Кино премиера на еден од најнаградуваните македонски филмови „Бизнисот на задоволството“ вечерва во Cineplexx


Вечерва во киното Cineplexx во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе имате ексклузивна можност премиерно да го погледнете еден од најнаградуваните македонски филмови „Бизнисот на задоволството“.

Синопсис: Откако ја изгубила својата најдобра пријателка како жртва на трговија со луѓе, една новинарка опсесивно работи на својата цел да ја разбие мрежата за сексуално ропство. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.


Режисер: Гоце Цветановски

Продуценти: Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски


Актери: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска

Времетраење: 97 минути


Категоризација: 16+

Билетите се достапни преку мобилната апликација или веб страната на Cineplexx.

Се гледаме на премиера!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Следува продор на многу поладен бран во Македонија кој носи ладно време, многу дожд и снег!

Територијата на нашата Македонија денес (четврток 15 мај) од попладневните и вечерните часови, како и …