„Кинематика“ – Во светот на филмската музика на Дуке Бојаџиев

Доживејте незаборавно музичко патување кое ја слави магијата на филмската музика!

„Кинематика“ е уникатен концерт со кој Дуке Бојаџиев ја одбележува дваесетгодишната кариера како композитор за филмска музика. Со современи аранжмани и извонреден тим музичари, концертот ќе ве поведе низ најзначајните моменти од неговото творештво, пренесувајќи емоции и инспирација кои го прават секое негово дело посебно.


Дуке Бојаџиев е композитор, пијанист и продуцент со меѓународна кариера што трае повеќе од две децении. По дипломирањето на Медицинскиот факултет во Скопје, ја следи својата страст кон музиката и студира на престижниот музички колеџ „Беркли“ во Бостон. Неговото патување продолжува во Њујорк, каде создава музика за филмови и настапува на светски познати сцени. Од Карнеги Хол до најголемите филмски фестивали во светот, Дуке Бојаџиев изгради уникатен пат како композитор, пијанист и продуцент. Неговата музика е спој на класичната традиција и современата иновација, секогаш истражувајќи ја врската помеѓу звукот и човечката емоција.

„Кинематика“ не е само концерт – тоа е мост помеѓу музиката и филмската уметност, искуство кое ја слави врската помеѓу емоциите, културите и уметноста, потсетувајќи нè на моќта на звукот да допре до најдлабоките делови од нашата душа.


Изведувачи:
Дуке Бојаџиев – пијано
Злата Тошевска Димовска – сопран
Климент Тодороски – 1ва виолина
Милена Тодороска Мургоски – 2ра виолина
Марија Димитријевич – виола
Енис Аљи – виолончело
Мартин Ѓаконовски – контрабас
Павел Ренџов – тапани, перкусии

Локација: Македонска Филхармонија
Датум: 7 февруари 2025
Време: 20:00 часот
Билети: https://mktickets.mk/event/kinematika/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …