Кијану Ривс открил што земал од филмските сетови на кои работел, вклучувајќи го и иконскиот „Матрикс“.
Во првиот дел од трилогијата, на ликот на Ривс, Нео, му биле понудени две таблети – црвена и сина. Публиката знае која ја одбрал, но помалку е познато дека Ривс „украл“ една таблета.
Минатата година корисниците на Редит на славниот актер можеле да му постават секое прашање што ќе посакаат. Едно од прашањата било „Дали некогаш сте украле нешто од сетот?
Ривс тогаш открил дека нема да каже дека крадел, туку дека „зел“ одредени работи, не само од еден сет, туку од дури три.
„Го зедов часовникот и венчалниот прстен на Џон Вик, меч од сетот на ’47 Ronin’ и црвено апче од ‘Матрикс’ што ми го подарија режисерите Лана и Лили Вачовски“, изјави Ривс.
Фото: Архива