ПРИНЦЕЗАТА ОД ВЕЛС Кејт Мидлтон ги воодушеви обожавателите на британското кралско семејство со својата модна комбинација во која пристигна на наградите Earthshot 2022 во Бостон. Таа носеше зелен фустан со долги ракави, со отворени раменици од Solace London, кој го позајмила од платформата за изнајмување Hurr, пишува Page Six.
View this post on Instagram
Дијана често го носела овој ѓердан
Таа ја пуштила косата и го комплетирала аутфитот со блескави обетки и добро познато парче кралски накит. Таа носела ѓердан од смарагд и дијаманти што често го носела принцезата Дијана.
Блескавиот смарагден ѓердан на кралицата Мари не е виден во јавноста по смртта на принцезата Дијана, покојната свекрва на Кејт, пишува Page Six. Ѓерданот настанал со „редизајн на ѓерданот од смарагди и дијаманти“ кој и бил даден на кралицата Мари за време на Делхискиот Дурбар во 1911 година“. Се верува дека ѓерданот вреди повеќе од 15 милиони долари.
View this post on Instagram
Изгледа дека со својата зелена модна комбинација Кејт сакала донекаде да го пресоздаде стајлингот на Дијана, кој го носела за време на нејзината државна посета на Малезија во 1993. година, кога го искомбинирала ѓерданот со зелен фустан со отворени раменици.
Фото: Принтскрин/Instagram