Ќе се снима филм за Тоше Проески: Животот на познатиот пејач на големото платно


Се уште не се знае кој ќе ја игра улогата на прерано починатиот пејач за кој плачеше Балканот
Пејачот Тоше Проески трагично загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска, а филмот за неговиот живот наскоро ќе почне да се снима во Македонија.

Иницијативата е реализирана во соработка со Министерството за култура и Министерството за финансии, потенцирал министерот за дигитална трансформација на Македонија, Стефан Андоновски.


Како што истакна, средствата се обезбедени по експресна и брза постапка.
Тој во утринската програма на МТВ најави дека за снимањето на филмот за познатиот македонски пејач кој загина во сообраќајна несреќа во 2007 година ќе бидат издвоени 95. милиони денари, односно околу 1.473.475 евра.


Ова ќе биде еден од најзначајните проекти што ќе го одбележи животот на најголемата современа македонска ѕвезда, рече тој, пренесува kurir.mk.
– Ќе се снима играна, документарна и ТВ серија посветена на нашиот Тоше Проески. Носител на проектот е Македонската радио телевизија, во копродукцијата ќе бидат вклучени и неколку национални телевизии од Балканот, а финансиски средства ќе се обезбедат од буџетот на Македонија преку Министерството за дигитална трансформација – потврдил тој.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Димиш одржа промоција на неговата нова песна и видео запис за „Срце и мозок“

Веќе одлично етаблираниот на македонската рок сцена Димиш одржа промоција во „Лабораториум“ за неговата најнова …