Надминувајќи ги временските препреки како и супер тешката маршута, Катерина Шиповиќ успешно го заврши „Spartathlon 2024″ оставајќи зад себе голем број од најдобрите ултрамаратонци од целиот свет.
Почнувајки од 7 часот изутрина во саботата од Атина, Катерина пристигна во Спарта во 17:30 часот освојувајќи го 22-то место во женска конкуренција, оставајќи 62 светски ултрамаратонки зад себе. Со ваквиот подвиг, ја имаме новата Атина Бојаџи во македонскиот спорт, успех со кој што треба да се гордее државата.
Инаку, Катерина е мајка на две дечиња и сопруга на Дарко, човекот кој безрезервно и помагаше и на овој ултрамаратон.