Каролина ја продолжува турнејата со „Извор“: На 27. и 28. март ќе пее во Битола

Продолжуваат промотивните концерти на новиот албум „Извор” на Каролина. Следните настапи се планирани кон крајот на месецот во родната Битола, што за македонското девојче сигурно ќе биде предизвик плус, бидејќи, така велат, најтешко е да се пее пред својата публика…
Концертите ќе се одржат во Домот на културата на 27. и 28. март, со почеток во 20. часот. Исто како и за скопските концерти, концептот ќе биде следен:
Во првиот дел ќе бидат изведени песните од новиот албум на Каролина, додека во вториот дел од концертот ќе бидат изведени најубавите песни од проектот „Македонско девојче”.
Влезниците по цена од 500. денари ќе бидат пуштени во продажба од утре, во 09. часот, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн.
Со секоја купена влезница, следува подарок – луксузно дигипак издание од албумот „Извор”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 12-ти до 14-ти декември по 9-ти пат ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „ Winter Apricots“

Во Прилеп, од 12-ти до 14-ти декември ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“. …