Кардиолозите препорачуваат пет видови зеленчук за одлично здравје на срцето

КАКО и овошјето, зеленчукот обезбедува важни хранливи материи за спречување на срцеви заболувања, па дури и може да ја подобри кардиореспираторната кондиција – способноста на телото да снабдува и користи кислород за вежбање.
„Исхраната богата со зеленчук е многу здрава за срцето поради неколку причини. Прво, таа всушност може да ги замени другите лоши работи што ги јадете, на пример, ако јадете повеќе зеленчук, може да јадете помалку нездрава храна“, вели кардиологот д-р. Марк Ајзенберг за Today.
Луѓето кои консумираат повеќе овошје и зеленчук имаат помалку срцеви и мозочни удари, додава кардиологот др. Ендрју Фримен. Исхраната богата со овошје и зеленчук е корисна за одржување на крвниот притисок, холестеролот и тежината, вели кардиологот др. Шон Хефрон.

Затоа, кардиолозите, др. Ајзенберг, др. Фримен и соработникот Хефрон, го открија нивниот омилен зеленчук за оптимално здравје на срцето.


1. Зелен лиснат зеленчук
Јадењето приближно 30 грама зелен лиснат зеленчук дневно може да го намали ризикот од срцеви заболувања, според студија од 2021 година. “Се трудам да консумирам што повеќе зелен лиснат зеленчук. Тоа може да биде спанаќ, рукола, кељ и слично”, открива др. Фримен. За ручек сакам да подготвувам голема чинија салата со мешавина од разновиден лиснат зеленчук.


2. Цвекло
Овој коренест зеленчук е уште еден богат извор на антиоксиданси, влакна и минерали. Цвеклото е исто така особено богато со нитрати, а се покажало дека неговиот сок го намалува крвниот притисок.
Како делува? Така, откако човек ќе консумира нитрат, телото го претвора во азотен оксид, кој ги отвора крвните садови и го поттикнува протокот на крв, што резултира со помал притисок во артериите, објаснува диететичарката Натали Ризо. Хефрон истакнува: „Цвеклото е нешто што секогаш им го препорачувам на луѓето“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Преподобен Александар

Преподобен Александар Роден е во Азија, школуван во Цариград. По завршувањето на школувањето се предаде …