ОДРЖУВАЊЕТО на оптимално здравје на срцето ретко изгледа лесно. Сепак, постои нешто едноставно што можеме да го направиме за да ја подобриме нашата кардиоваскуларна функција и да го намалиме ризикот од срцев удар.
Кардиологот др. Едвард Фишер открил едноставна навика која ја практикува секој ден за да го подобри и одржува здравјето на своето срце.
Се препорачуваат чести постепени вежби. Што точно значи тоа? „Побарајте мали можности за редовна физичка активност што не мора да ја правите во теретана или со тренер“, изјавил тој за Parade.
Може да биде нешто едноставно, на пример, да ги избереме скалите наместо лифтот, да паркираме подалеку од местото каде што одиме и да одиме на прошетка.
Неговиот совет е поддржан од Американското здружение за срце (AHA).
Според здружението, помалку седење и повеќе вежбање, па дури и само одење, „е еден од најдобрите начини да го одржиме нашето тело здраво и да го ослободиме стресот“. Тоа не само што може да го намали ризикот од срцеви заболувања, туку и да го подобри расположението, да ја зголеми енергијата и да го подобри квалитетот на сонот.
Фoтo: Архива