Камерната опера „Свадба“ на Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана вечерва на Мајските оперски вечери

Вечерва со почеток во 20:00 часот, во рамките на 52-те Мајски Оперски Вечери во Националната Опера и Балет во Скопје ќе имате можност да ја проследите камерната опера „Свадба“  на Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.

Музика и либрето: Ана Соколовиќ
Диригент: Јелена Шасник
Режија: Андреј Јус
Сценографија: Јаро Јеше
Костимографија: Маја Сотошек
Продуценти: Катја Конвалинка (СКГГ), Сташа Михелчиќ (ЦД)


Настапуваат:
Милица: Штефица Грасели, сопран
Даница: Тереза Плут, сопран
Лена: Катја Конвалинка, сопран
Зора: Ирена Јебуах Тиран, мецосопран
Нада: Барбара Јернејчиќ, прв мекосопран
Љубица: Ања Земљариќ, мецосопран

„Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи.


Музиката и либретото се напишани од Ана Соколовиќ, српска композиторка која живее во Канада. Дејството на операта се случува вечерта пред свадбата на Милица, млада девојка која со другарките го слави заминувањето во брачниот дом.

Делото, премиерно беше прикажано во 2011 година во Торонто, а оттогаш редовно се изведува на многу сцени ширум светот.


Содржина:
Дејствието се одвива вечерта пред свадбата на девојката Милица, која ја прославува својата свадба со другарките.

I. Девојките и пеат на Милица
II. Боење на косата
III. Љубовен фустан
IV. Аргумент
V. Капање
VI. Зора – облекување
VII. Збогување

Билетите по цена од 800 денари можете да ги набавите на билетарницата на НОБ или онлајн на: www.operabalet.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Рецепт за КОХ ОД ОРИЗ: Древен деликатес кој се пренесува од генерација на генерација 

За кох од ориз, потребни ви се состојки кои веројатно веќе ги имате во вашата …