Калиопи направи спектакуларен концерт во Охрид, па кажа: ,,Во Охрид се родив, сигурна сум дека тука и ќе заминам”

Македонската дива, поп-ѕвездата Калиопи, на 2 август одржа спектакуларен концерт под отворено небо во Античкиот театар во Охрид.

Со фантастична енергија и емоции кои несебично ги споделуваше со публиката, таа приреди вистинско волшебно музичко патување во градот Охрид, за кој кажа дека е место полно со магија, уметност, неверојатна природа, место каде што се родила и место од каде што ќе си замине, па додаде дека Македонија е земја на чудата.


„Знаете, понекогаш се чувствувам дека живеам во земјата на чудата. Македонија е земјата на чудата”, кажа Калиопи.

На концертот освен од Охрид, публика имаше и од цела Македонија, како и гости од Србија, Бугарија, Хрватска, Англија, кои потврдија дека досега не доживеале вакви емоции како на овој концерт.


Изненадување на вечерта беше појавувањето на нејзиниот голем пријател, Марко Маринковиќ – Слаткар, со кој годинава ја објавија песната “Казна” и која првпат заедно во живо ја изведоа токму на овој концерт.

Публиката со огромен аплауз и овации ја врати два пати на бис за песните „Црно и бело” и „Бато”. На самиот крај, Калиопи со својот бенд се поклони пред присутните.


Концертот го организираше ,,Прагма продукција”, а следно, Калиопи ќе одржи концерт во Скопје, на 19 октомври во ,,Арена Борис Трајковски”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на литвански филмови во рамките на Фестивалот на нем и класичен филм вечерва во Кинотека

Вечерва во рамките на четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм, во Кинотека …