Поради продорот на многу топол воздух од северните предели на Африка за време на овој викенд Македонија ќе биде во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА и тоа поради невообичаено високите температури на воздухот кој ќе бидат дури за 10 степени повисоки од нормалните, соопштува meteomax.mk
Времето ќе биде сончево и многу топло додека утре (недела) ќе има умерена локална облачност а само на планинските места ќе има услови за сосема слаб, локален и краткотраен дожд а ќе дува и слаб до умерен додека во западните предели повремено засилен ветер од југозападен правец.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од: Денес (сабота) од 28 до 35 степени додека утре (недела) од 30 до 37 степени.