Дождот и грмежите сите не изненадија, особено што нис е случуваат во јуни, а еве каква прогноза најави УХМР за наредните 5. дена.
Денес (петок, 11.јуни) претпладне ќе биде променливо облачно, од пладневните часови и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. УВ=6. Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 19°C до 30°C
Сабота: Променливо облачно и нестабилно, од пладнените часови до крајот на денот ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни поинтензивни процеси со пообилен дожд за кратко време и појава на град. УВ=7. Минимална температура: 8°C до 16°C. Максимална температура: 19°C до 30°C.
Недела:Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крај на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7. Минимална температура: 8°C до 15°C.Максимална температура: 22°C до 31°C.
Понеделник:Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крај на денот повремен пороен дожд, а долж Повардарието и засилен ветер . УВ=8. Минимална температура: 7°C до 17°C. Максимална температура: 21°C до 28°C.
Вторник: Променливо облачно и наутро посвежо. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=8. Минимална температура: 6°C до 16°C. Максимална температура: 21°C до 30°C.