3. Покажете ѝ, не се фалете
Најлошото нешто што можете да го направите е да се опишете себеси како впечатлив во некоја област, а кога ќе дојде време да се докажете, бегате колку што ве држат нозете. Ако се најдете во тој проблем, најдоброто оружје е искреноста, која е една од главните квалитети на џентлменот. Објаснете и дека сте сакале да ја импресионирате со вашите наводни вештини за лизгање на мраз, а потоа одете со неа на лизгалиштето и „казнете се“. Бидете подготвени да се засрамите пред другите поради тоа.
Од друга страна, девојката ќе биде прилично импресионирана ако сама дознае, а гледајќи ве, дека сте подобар лизгач отколку што сте кажале. Бидете скромни.
4. Раскажувајте интересни приказни
Ако имате проблем да пронајдете особини кои би можеле да ја воодушеват девојката или немате идеја како најдобро да ги претставите своите квалитети, можеби не е лошо да се концентрирате на разговорот. Наместо танцување, лизгање и други спортски квалитети, можете да ја импресионирате со приказна или разговор. Погрижете се ова да не се здодевни теми, како што е временската прогноза. Опуштете се и само разговарајте за тоа во што навистина сте најдобри.
Кога ќе размислите, во повеќето случаи сакате да импресионирате дама, затоа што ви се допаѓа, затоа што предизвикала интерес кај вас и затоа што сакате романтична врска со неа.
Овие совети ќе ве наведат да ја импресионирате дамата, а после тоа ќе ви биде многу полесно да преминете на делот во кој нејзиниот впечаток ќе го претворите во романса.
Најпрво, бидете сигурни дека девојката што сакате да ја импресионирате сака да биде со вас, да покаже интерес за вас. Ако сеуште не сте во таа фаза, размислете како ќе ја заинтересирате за вас. Можеби и треба повеќе време во вашето друштво за да и се допаднете. Цело време бидете љубезни и бидете џентлмен.
Бидете внимателни, имајте готов одговор на секоја ситуација со неа, опуштете се и одработете ја играта до најмалите детали.
Следете го нејзиниот говор на телото, знаците, нејзините реакции и нејзиното однесување, бидејќи само така ќе видите дали има напредок или дали госпоѓицата изгубила интерес за понатамошно дружење со вас.