Во денешното, либерално време, понекогаш е неблагодарно да се окарактеризира човек како џентлмен. Сепак, едно е сигурно, за мажот да стане џентлмен во очите на својата дама, мора да знае да ја импресионира. И знаеме дека првиот впечаток е она што најмногу се памети. За да биде јасно, секој маж сака да ја импресионира дамата за која се грижи, но само неколкумина успеваат.
Што е џентлмен во денешно време? Што е тоа што го прави мажот џентлмен? Учтивост, понизност, решителност, еднаквост, пожртвуваност, лојалност, чесност, заштитнички однос кон другите? Секој маж сака да ја импресионира дамата за која се грижи, но ретко кој поединец е успешен во тоа.
Еве четири елегантни, џентлменски начини да импресионирате дама:
1. Откријте во што сте импресивни
Иако на прв поглед изгледа едноставно, многумина ќе се борат со оваа задача. Она што може да биде импресивно за другите, за нас станало нормално. Но, обидете се да размислите малку за овие нормални нешта, за малите нешта. Дали сте интелигентни? Тогаш помислете дека има многу дами кои ќе ви обрнат внимание поради тоа.
На пример – дали собирате поштенски марки? Дали имате стотици од нив во вашата колекција? Со малку труд и имагинација, гледањето на албумите на вашите поштенски марки во друштво на дама може да ве претвори во патување низ необичен свет. Потрудете се и импресионирајте ја, бидејќи некој што има ваква колекција на поштенски марки ја знае приказната за секоја од нив.
2. Најдете го најдобриот начин да го покажете тоа
Не се срамете од вашите доблести. Споменете ги и покажете им кога ќе дојде време. Дамата што разговара со вас бара нешто да ја држи во вашето друштво, а вие и го нудите. Бидете добри, но бидете директни и самоуверени. Секоја дама полесно ќе биде импресионирана ако сте љубезни и пред се љубезни со неа. А за многумина тој дел не функционира.
Кога зборувате за себе, спомнете неколку интересни факти од областа во која сте добри. Дали се занимавате со некој спорт? Поканете ја да дојде да ве гледа. Воодушевете ја со вашите вештини и знаења.