Како природно да ги излечите изгорениците од сонце? Од овесна каша до паста за заби

Изгорениците од сонце може да бидат опасни
Во новото истражување на Well Pharmacy, третина од испитаниците на возраст од 18 до 24 години рекле дека е во ред да се биде малку црвен, додека некои заклучиле дека црвената кожа не е лоша работа бидејќи, како што велат, потемнува со текот на времето.
Сите сме изгореле од сонце, но фактот што осум од десет лица од генерацијата Z веруваат дека е нормално или прифатливо да изгорите додека сте на одмор, ги загрижила експертите.

Ако сепак добиете изгореници од сонце, лекови против болки без рецепт може да помогнат да се намали болката. Нанесете ладни облоги и крем за после сончање или спреј на погодените области. Останете подалеку од сонце додека изгорениците целосно не исчезнат, велат експертите.


Еве што друго можете да направите кога ќе претерате.


Прво изладете ги
За почеток, направете го она што би го направиле со секаков вид изгореници – изладете ги. Натопете ја секоја област со ладна вода или ладна облога петнаесет минути. Студот го намалува отокот и ја извлекува топлината од вашата кожа.
Ако имате црвенило по целото тело, натопете се во разладена купка со додадена овесна каша. Можете да купите готов производ или ситно да сомелете шолја овес во процесор за храна и да го додадете во водата.

Зелениот чај содржи состојки кои помагаат да се заштити кожата од UV оштетување и да се смири воспалението, па можете да го користите како облога. Сварете тенџере со зелен чај, почекајте да се излади, натопете крпа во чајот и користете го како облога.


Користете ги и разладувачките, мирисни својства на нането за да го смирите црвенилото од сонцето. Можете да направите чај од нане или да додадете две капки масло од нане во чаша млака вода. Изладете ја оваа смеса, натопете мека крпа во неа и нежно намачкајте го местото на изгореници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Рецепт за КОХ ОД ОРИЗ: Древен деликатес кој се пренесува од генерација на генерација 

За кох од ориз, потребни ви се состојки кои веројатно веќе ги имате во вашата …