Како да се преживеат празниците без друштво, семејство и драги луѓе?

Излозите на бутиците украсени со црвени и зелени детали, мирисот на топло чоколадо и составувањето список со подароци за најблиските …
Да, доаѓаат празниците, и многумина од нас се возбудени да го дочекаат моментот кога ќе направат пауза од секојдневните обврски и ќе се посветат на себе си и на членовите на семејството. Сепак, не треба да заборавиме дека декември, особено оваа година, кај многумина буди тага, бидејќи им недостасуваат драги луѓе, кои не се присутни од разни причини. За луѓето кои немаат партнер, оние кои доживеале загуба или раскинување, периодот дома само го нагласува страдањето, особено затоа што се наметнува атмосфера на среќа и благодарност.
Затоа, прочитајте подолу како можеме да си и олесниме деновите пред нас или на нашите пријатели, кои тагуваат. Ова е советот на Ребека Спаркс, психотерапевт, која честопати се среќава со такви прашања.

1. Прифаќање на реалноста
За почеток, треба да се помириме со фактот дека нашите можности се намалени оваа година, но во исто време да бараме замена во форма на нови активности што ни се на располагање.


2. Дружење преку Интернет
Оваа година можеби не можеме да бидеме физички заедно со нашите најблиски, но затоа треба да ги искористиме сите предности на социјалните мрежи. На овој начин, можеме да организираме отворање подароци, но и да наздравиме со чаша добро вино.

3. Физичка активност
Слободните денови, во случај да имате доволно среќа да ги имате, вреди да ги користите мудро, така што ќе го раздвижите вашето тело. Без разлика дали станува збор за прошетка, возење велосипед или нешто друго, не е важно, бидејќи акцентот е ставен на престојот надвор.


4. Новини
Можеби оваа година е можност да заборавите на обичаите што не се по ваш вкус. Размислете што би ве направило среќен и следете го тоа чувство.

5. Помалку алкохол
Иако сакаме да се опуштиме со чаша омилен алкохолен пијалок за време на празниците, оваа година треба да најдеме мерка. Новите околности можат само дополнително да ја зголемат депресијата и вознемиреноста.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кино премиера на еден од најнаградуваните македонски филмови „Бизнисот на задоволството“ вечерва во Cineplexx

Вечерва во киното Cineplexx во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе имате ексклузивна можност …