Најефективниот метод за ослободување од стресот го открил д-р Кори Џегер, психотерапевт за „Детроит Пистонс“, барајќи едноставна практика за кошаркарите да го намалат стресот и анксиозноста за само 23 секунди – затоа што толку време имаат НБА играчите помеѓу судиски свиреж за фаул и изведување слободни фрлања.
Докторот барал начин да го натера кошаркарот да го намали пулсот пред да упати удар, а открил дека тоа е можно со мала вежба за дишење. Ако НБА играчите можат ефективно да искористат 23 секунди под таков притисок, вие исто така можете ефикасно да ги искористите малите моменти во текот на денот. Добрата страна на оваа вежба е што можете да ја правите во секое време, секаде, без другите да забележат.
На пример, можете да ја вежбате вежбата од 23 секунди пред состанок или важен телефонски повик.
Наместо безумно да се движите низ социјалните мрежи, опсесивно да размислувате што ќе кажете на состанокот и како ќе изведете некоја задача или да ги проверувате вашите пораки, земете длабок здив и бидете целосно присутни во моментот. Без разлика каде сте, секогаш можете да застанете за да се префокусирате, да ја намалите напнатоста и отчукувањата на срцето за неверојатно кратко време. Потребни се само 23 секунди.
Како да ја изведете вежбата од 23 секунди за да ја намалите анксиозноста и напнатоста?
Прво, обрнете внимание на вашето расположение во секој даден момент. Напишете реченица или две за тоа. Поставете го тајмерот на 23 секунди, а потоа едноставно земете длабок здив. Обрнете внимание на тоа како вашиот здив се движи низ вашето тело.
Додека вашето внимание талка, вратете го фокусот на вашиот здив. Кога ќе поминат 23 секунди, прекинете ја вежбата и забележете дали вашето расположение воопшто се променило.
Практикувајте ја оваа вежба неколку пати во текот на денот, одвојувајќи миг за да дишете и да се рефокусирате. Обрнете внимание на тоа кога вежбата функционирала и кога требало да ја повторите. Забележете го поконкретно со запишување на моментот, датумот, времето, како се чувствувавте, локацијата…
Можете исто така да откриете важни работи за себе, како на пример дали подобро се фокусирате наутро отколку навечер; Дали имате проблем да се опуштите кога сте во јавност, дали присуството на одредени поединци или одредени задачи ве прави особено напнати…
На овој начин можете да добиете одговори кои работи во животот треба да ги промените, од кои луѓе треба да се дистанцирате, што вреди да се трудите, а што премногу ве исцрпува.
Кога ја практикувате оваа вежба за длабоко дишење од 23 секунди, можете да кажувате афирмации, правете го тоа со затворени очи, на кој било начин што ви е најпријатно. Вложувајте време во текот на денот во вашата релаксација, мир и ментално здравје – не дозволувајте напнатоста и стресот да ве обземат и да ви го украдат фокусот, вашата свест за убавината на сегашниот момент.
Фото: Архива