Без разлика дали само што сте почнале да излегувате или прославувате неколку години брак или врска, да бидете добар партнер значи да направите личноста до вас да се чувствува безбедно и ценето.
Не секој ја доживува љубовта на ист начин, така што наоѓањето начини да му покажете на партнерот дека го сакате е клучно за градење здрава и трајна врска.
Лиценцираната терапевтка за брак и семејство, Сузи Дарен, вели дека не се работи само за големи гестови, туку љубовта се изразува секој ден, кога не сме ниту свесни за тоа.
– Сè започнува со меѓусебно почитување и ценење, што може да се покаже на безброј начини
Разбирање
Бидејќи секој различно ја доживува љубовта, клучно е да разберете како да му покажете на партнерот дека го сакате. Според психологот, првиот чекор е да го разберете љубовниот јазик на вашиот партнер.
– Јазиците на љубовта се концизни модели за разбирање, дискутирање и паметење на начините на кои ние и нашите партнери даваме и примаме љубов. Понекогаш ни е тешко да разбереме дека нашиот партнер е различен од нас. На пример, ние може да се чувствуваме сакани преку допир и наклонетост, додека тие тоа го чувствуваат преку комплименти и потврдување. Сè додека не ги разбереме преференциите на нашите партнери, секоја личност ќе ја изразува љубовта на начинот на кој сака да ја прими, а не на начин кој е најдобар за партнерот. Ова може да доведе до фрустрирачки чувства дека сте погрешно разбрани – вели Дерен за Brides.
Сите овие се различни начини на кои луѓето покажуваат љубов, а Дарен вели дека разбирањето како вашиот партнер сака да прима љубов е од витално значење за да се биде на иста страна емотивно.
Комуницирајте со зборови
Без разлика дали му ги кажувате на вашиот партнер сите работи што ги сакате за него за време на вечерата, му праќате пораки пред важен состанок или ставате белешка во паричникот за да ја чита во слободно време, Дерен вели дека искреноста и автентичноста се клучни.
– Убавите зборови секогаш се добро примени кога навистина доаѓаат од срце. Луѓето кои даваат голема вредност на потврдните зборови често знаат кога комплиментот не е искрен. Затоа, еден од најдобрите начини да покажете грижа е едноставно да го спуштите телефонот, да му посветите целосно внимание на партнерот и да зборувате од срце.
Бидете активен слушател
Активното слушање и емпатијата се најважните елементи за здрави дискусии и обезбедување искрена потврда. Еве неколку совети кои Дарен ги предлага за да ефикасно го совладате слушањето и разбирањето, дури и за време на тешки разговори:
– Посветете му го вашето неподелено внимание на партнерот
– Фокусирајте се на зборовите што ги кажуваат наместо на она што ви поминува низ умот
– Обрнете внимание на нивниот говор на телото и висината на гласот
– Неколку пати длабоки вдишете за да ги регулирате вашите емоции и да го одложите нагонот за брзо реагирање.
– Дозволете му на вашиот партнер целосно да ги заврши речениците
– Поставувајте прашања доколку е потребно и повторете го она што сте го слушнале
– Одговорете од место на љубезност, емпатија и потврдување
Создадете значајни моменти
Покрај малите, доследни чинови на љубов и добрина, да не ја потцениме моќта на еден грандиозен романтичен гест. Од вечери со свеќи до спонтани патувања, Дарен ја нагласува вредноста повремено да излезете од вашата рутина и да правите нешто посебно со вашиот значаен другар. Ова поттикнува чувство на спонтаност и возбуда, а и двете се важни за долговечноста на врската.
– Нашите врски честопати паѓаат на дното на листата на приоритети кога не ги негуваме активно, па затоа мораме намерно да одвоиме време за да бидеме заедно – на дневна, неделна, месечна и годишна основа. Не е доволно само да очекуваме да делиме време со партнерот, гледајќи телевизија додека седиме еден до друг. За да дадете приоритет на квалитетното време, закажете го исто како и секоја друга важна обврска.
Покажете почит и ценење
Без оглед на љубовниот јазик на вашиот партнер, Дарен вели дека еден од најосновните начини да му покажете на партнерот дека го сакате е едноставно да го третирате со почит.
– Почитта и ценењето се основата на љубовта и најдобриот начин за одржување на силна врска.
Фото: Архива