Со зголемувањето на трошоците за енергија во зима, многумина бараат начини да ги намалат сметките за електрична енергија и на тој начин да го зачуваат домашниот буџет.
Со неколку едноставни, но ефективни трикови, можете значително да ја намалите потрошувачката на електрична енергија и да заштедите пари.
Исклучете ги уредите
Многу уреди трошат енергија дури и кога се во мирување. Полначите, телевизорите и компјутерите оставени приклучени сè уште користат струја.
Решение: исклучете ги уредите кога не се во употреба или користете продолжни кабли со прекинувачи.
Прилагодете го греењето
На греењето отпаѓа голем дел од трошоците за електрична енергија. Поставете го термостатот на оптимална температура од 20–22°C. Секое зголемување или намалување од само еден степен може значително да влијае на сметката.
Рационално користете ги апаратите за домаќинство
Машина за перење и машина за миење садови: Користете ги само кога се целосно наполнети и вклучете економични програми.
Шпорет и рерна: Гответе со капак на тавите и не ја отворајте рерната додека печете, бидејќи така се зголемува потрошувачката на енергија.
Фрижидер: Одржувајте ја температурата помеѓу 3-5°C и избегнувајте често да ја отворате вратата.
Искористете ја ноќната и дневната поефтина тарифа
Обидете се да користите поголеми потрошувачи како бојлери, машини за перење или машини за миење садови за време на ноќната тарифа, кога струјата е поевтина.
Фото: Архива