Ќе забележите дека многу колеги се жалат на настинки на работа, а истото е случај и со децата во училиштата и градинките. Есента не само што значи попријатно време, туку навестува и доаѓање на вируси и настинки, па затоа е важно да се зајакне имунитетот.
Редовното вежбање, добриот сон и урамнотежената исхрана се само дел од начините за спречување на настинки, грип и други болести.
Кивањето, болките во грлото, затнат нос, понекогаш треската и малаксаноста изгледаат неизбежни на почетокот на есента. Се чини дека настинките, грипот, па дури и бактериските инфекции се во полн ек, па прашањето е што можеме да направиме за да му помогнеме на телото да се избори со сето тоа?
Јадете зелен зеленчук, земајте витамин Д
Зелениот, лиснат зеленчук е богат со витамини и други хранливи материи кои помагаат во одржување на урамнотежена исхрана и позитивно влијаат на одржување на здрав имунолошки систем. Незаменлив е и витаминот Д, кој го има во јајцата, печурките и лососот, пишува Health Line.
Вежбање и добар сон
Редовното вежбање, пешачењето три пати неделно на свеж воздух прави чуда за телото – ја одржува формата, а воедно го намалува стресот, што значително му помага на телото да се бори против настинките. Адекватниот сон е исклучително важен, особено ако сме биле изложени на вирусот, нагласува студијата објавена во Archives of Internal Medicine.
Избегнувајте алкохол
Пиењето алкохол може да оштети одредени клетки кои сочинуваат витална компонента на имунолошкиот систем. Зголемената конзумација за да телото е помалку подложно на болести.
Зелен чај и бои во чинијата
Со векови, зелениот чај се поврзува со добро здравје, а неговите здравствени придобивки може да се должат на високите нивоа на антиоксиданси, наречени флавоноиди. Неколку шолји од овој чај дневно може да доведат до потенцијални здравствени придобивки. Тие вклучуваат понизок крвен притисок и намален ризик од кардиоваскуларни болести.
Се препорачува да се зголеми внесот на овошје и зеленчук, бидејќи општо е позната нивната корисност во ситуации кога се бориме со вируси. Исто така, пилешката супа, лукот, чајот од ѓумбир, агрумите добро се докажале во борбата против настинката.
Хигиена
Ограничувањето на изложеноста на болести со избегнување на бактерии е клучно за одржување на здравјето и неопходно е редовно да ги миеме рацете пред јадење или подготовка на храна. Исто така, кога кашламе или киваме, треба да ги покриеме носот и устата со марамче, а во торбата треба да се спакува алкохол или средство за дезинфекција, особено ако сме во движење.
Фото: Архива